Темата на ова истражување е родословот (генеологијата) на семејството Богови со потекло од селото Кономлати. Периодот којшто е опфатен е од почетокот на XIX век, односно најстарите познати предци на ова семејство, па сè до денес. Од семејството Богови потекнуваат повеќе борци во Илинденското востание, како и борци во Граѓанската војна во Грција, а во поново време од него потекнуваат значајни личности во македонската економија како што е поранешниот гувернер на Народната Банка на Република Македонија, и актуелен главен економист на Европската банка за обнова и развоја за Источна Европа и Кафказ, Димитар Богов.