Abstract
Овој труд ја истражува куќата како локален концепт кој ги мобилизира моралните, економските и религиските димензии во македонскиот град Прилеп — урбано населено место историски обликувано од производство на тутун и индустриска работа. Врз основа на долгорочна етнографска работа на терен, се разгледува како животот во домот, миграциските траектории и моралните идеологии на куќата ги обликуваат пошироките процеси на постсоцијалистичка трансформација. Надоврзувајќи се на концептот на Леви-Строс за општества засновани на куќата (house-societes) како посреднички институции, анализата ги интегрира Бурдјеовата теорија на практика, акцентот на Карстен врз сродството како процес и концептот на Салинс за заемноста на постоењето. Трудот дополнително се потпира на концептите на Гудеман и Ривера и нивното сфаќање на куќата како морален модел на егзистенција — простор каде што соработката и грижата се создаваат во постојано напрегање со логиката на пазарот.